НАТО се најде во непријатна ситуација откако мораше да признае дека еден од нивните војници кои служат во Литванија е по истрага за ограбување локален жител под дејство на алкохол минатиот викенд, пренесува РТ.
Инцидентот се случил во неделата околу 4 часот изутрина, откако локален жител, наводно, бил ограбен од петмина мажи кои му одзеле 1.000 евра и два мобилни телефони.
Според локалните медиуми, портпаролот на Одделот за стратегиска комуникација на литванската армија признал дека еден од осомничените во инцидентот е норвешки војник од меѓународниот баталјон на НАТО.
По апсењето, тестот за алкохол во крвта покажал дека осомничениот, кој е на возраст од 20 години, е под сериозно дејство на алкохол. Откако бил испрашан, војникот бил ослободен за да ги продолжи своите редовни должности. Локалната полиција сé уште го истражува инцидентот.
Се чини дека персоналот на НАТО има навика да ѝ отвора работа на полицијата во балтичките земји, пишува РТ. Минатиот месец двајца американски војници во Летонија беа уапсени и казнети со парична казна од 400 долари за непристојно однесување откако уринирале врз Споменикот на слободата во кој им се оддава почест на војниците убиени во латвиската војна за независност.
Минатото лето американските војници се степаа со некои Азербејџанци во литвански бар по која еден Американец завршил во болница.