Емери: Понудата на Астон Вила не се одбиваше

Новиот менаџер на Астон Вила, Унаи Емери, изјави дека понудата на англискиот клуб била премногу добра за да се одбие. Шпанецот, кој е поранешен менаџер на Арсенал, изненадувачки се откажа од функцијата тренер на Вилјареал за да го преземе клубот од Бирмингем. Тој ќе започне со работа на 1 ноември, кога се очекува да ја добие работната виза.

Емери мина две години во Вилјареал, во првата ја освои Лигата на Европа со „жолтата подморница“, а во втората стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите. Сепак, според него, можноста да го наследи Стивен Џерард на „Вила Парк“ не е за пропуштање.

„Оставам дел од срцето овде, но професијата ме влече“, изјави стратегот на последната прес-конференција како дел од Вилјареал.

„Морав да ја прифатам оваа понуда бидејќи тоа е поинаков проект и голем спортски предизвик. Тоа е лична и професионална одлука. На 24 години го напуштив домот и се посветив на професионалниот фудбал со сите негови последици”, објасни Емери.

Треба да знаете
Последни објави