Како наближува денот на изборите, зачестуваат разбојништвата и кражбите, истакна денеска Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава дадена пред Министерство за внатрешни работи.
Како што нагласи Ѓорѓиевски, министерот Спасовски наместо да работи во насока на подобрување на безбедноста и сузбивањето на криминалот, оди по партиски митинзи за промоција на Стево Пендаровски.
„На само 5 дена пред изборите за претседател на Република Македонија се случи еден од поголемите грабежи во изминатиов период. Во текот на вчерашниот ден вооружени разбојници влегле во експозитура на НЛБ Банка во Бутел и од банката одзеле поголема сума на пари, по што со возило се впуштиле во бегство, кое истото подоцна и го запалиле. Многу траги, многу дејствија во мал простор, а МВР на Спасовски молчи. Поминаа речиси 24 часа, а Спасовски ги нема пронајдено ограбувачите на експозитурата на НЛБ Банка во Бутел. Оливер Спасовски или е неспособен или намерно го прикрива настанот“, рече членот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој воедно го повика министерот да одговори зошто молчи повеќе од 24 часа и зошто МВР, иако има бројни дејствија кои се случиле на мал простор, се уште нема сознание за ограбувачите.