Во американската сојузна држава Луизијанауапсен е 71-годишен маж поради 100 обвиненија за сексуална злоупотреба на деца. Тој е обвинет за силување деца во својот роден град и околината, кои ги извршил пред неколку децении, објави Си-ен-ен.
Харви Џозеф Фонтејн е уапсен осум дена откако едната од наводните жртви, сега веќе возрасна личност, им рекла на властите дека Фонтејн ја силувал кога била дете, соопштиле од Канцеларијата на шерифот во округот Рапидес Периш.
Истражителите собрале докази кои ги поддржуваат тврдењата на жртвите.
„Силувањата наводно се случиле од 1970 до раните 1980-те години, а во секој случај на сексуална злоупотреба, детето било помладо од 13 години“ рекол поручникот Стивен Филипс.
Тој додал дека засега не може да открие колку деца биле силувани.
На силувачот му е одредена кауција од еден милион долари. А силувањето како кривично дело во Луизијана, на деца помлади од 13 години, е казниво со смрт или доживотна казна затвор.