Тренерот на Барселона Ернесто Валверде рекол дека е среќен поради пласманот во полу-финалето, во Лигата на шампионите и дека се радува на начинот на кој неговите играчи го направиле тоа.
Барселона со вкупни 4:0 ги елиминира Манчестер Јунајтед, во реваншот на „Ноу Камп“ играчите на Барса славеа со 3:0. Барселона по пауза од три години повторно ќе игра во полу-финалето во ЛШ.
„Сакаме да играме во финалето. Имаме голема самодоверба, но јасно ни е дека лоши пет минути можат да не оддалечат од борбата за трофејот“, рекол Валверде.
Во победата над Манчестер Јунајтед, два гола постигна Меси, а еден Кутињо.
„Меси секогаш нè вади кога сме во проблеми. Неговите голови го сменија текот на играта. Среќни сме што го имаме. Не знам само дали треба да им се извинам на ривалите што тој е кај нас, а не кај нив? Секако тоа нема да го направам“.
Противник на Барселона во полу-финалето ќе и биде победникот од дво мечот помеѓу Порто и Ливерпул.