Фудбалерите на Барселона синоќа славеа со 3:0 против Манчестер Јунајтед на реванш натпреварот од четврт-финалето во Лигата на шампионите.
Со двата погодоци на Меси и голот на Кутињо фудбалерите на Барселона сосема заслужено се пласираа во полуфиналето од Лигата на шампионите, а првата ѕвезда на Каталонците синоќа повторно блескаше.
Меси со двата погодоци синоќа стана играч кој постигнал најмногу погодоци против англиските тимови во Лигата на шампионите.
Аргентинецот има постигнато 9 погодоци против Арсенал, 6 против Манчестер Сити, 10 против Челси, 6 против Манчестер Јунајтед и 2 против Тотенхем. Единствен клуб од големата англиска шестка против кого нема постигнато гол е Ливерпул, па Меси ќе има голем мотив во полуфиналето доколку „Редси“ вечерва го елиминираат Порто.