Градските власти во Виена започнаа пилот-проект на улицата Циглергасе, која би требало да стане првата улица со можност за регулирање на температурата на воздухот, соопштуваат од виенската Канцеларијата за надворешни работи во Загреб, а пренесува порталот „Индекс“.
Научниците со децении предупредуваат за негативните ефекти што глобалното покачување на температурите на Земјата го има врз луѓето и флората и фауната. Првите последици се веќе видливи во градовите каде зголемувањето на глобалната температура значително ги менува локалните климатски карактеристики и води кон создавање на т.н. урбани термални острови. Австриската престолнина го препозна овој проблем и одлучи да спроведе пилот-проект на една од нејзините улици, се вели во соопштението.
Така, виенските научници пресметале дека до крајот на векот во округот Нојбау годишно би можело да има од 50 до 55 жешки денови, поради што ќе биде и еден од најтоплите во Виена. Децата, болните и старите лица, но и животните, се особено погодени од високите летни температури.
Со цел да се да дејствува против урбаните термални острови во округот и да им се олесни животот на жителите, во Виена треба да започне пилот-проектот на улицата Циглергасе, што треба да стане првата улица со можност за регулирање на температурата на воздухот.
Реконструкцијата на улицата, зеленувањето на површините, инсталацијата на системите за ладење и поголема влажност на воздухот, како и поставувањето на пунктови со питка вода, би ртребло да го зголеми квалитетот на животот на тамошните жители.
Трошоците за адаптација на улицата, ќе изнесуваат околу 2,4 милиони евра, пренесува „Индекс“. Градот ќе покрие 70 отсто од трошоците, додека останатите 30 отсто ќе ги фобебеди округот Нојбау од сопствениот буџет.