Рускиот претседател, Владимир Путин, не планира да се состане со американскиот специјален претставник за Северна Кореја, Стивен Бигун, кој денеска и утре е во посета на Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков, исто така, рече дека нема информации за можна средба меѓу Путин и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, според агенцијата ТАСС.
Прашан дали ќе се одржи средба меѓу Путин и Ким во Владивосток на крајот од април, Песков рече дека „нема детали” за подготовките за посетата кои тој би можел да им ги пренесе на новинарите.
Портпаролот на Кремљ, исто така, рече дека „нема состаноци на претседателската агенда”, кога го прашаа дали рускиот претседател ќе се состане со Бигун, кој сака да разговара со руските официјални лица во врска со денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.