Најмалку 47 лица денеска загинаа во силна бура проследена со песок, гром и дожд во централна и западна Индија.
Во бурата што се случи надвор од сезоната, ветровите достигнаа брзина од 50 километри на час. Во државите Мадја Прадеш, Гуџарат, Махараштра и Раџастан домовите беа оштетени, дрвјата откорнати, а далеководите прекинати.
Најлошо беше во Раџастан, каде што загинаа 24 лица.
Индискиот премиер, Нарендра Моди, на својот твитер-профил изрази жалење и болка поради загубата на животите и најави помош за семејствата на жртвите.
Сезоната на монсуните во Индија почнува во јуни и завршува во септември.