На 16.04.2019 година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, контролирани се 442 возачи, од кои 23 возачи ја надминале дозволената брзина, 12 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле шест возила, четири возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото и еден возач не користел сигурносен појас.