Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека САД треба да ги суспендира санкциите против Иран поради неодамнешните поплави што ја погодија земјата, при што загинаа десетици лица.
– Американските претставници кога би имале мудрост би објавиле дека ги суспендираат санкциите на една година поради поплавите во Иран, посочи Рохани.
Тој додаде дека Бела куќа е „нехумана” бидејќи одбива да дозволи парична помош за иранската организација на Црвената полумесечина.
Од средината на март северните и западните делови на Иран се погодени од разорни поплави, при што загинаа десетици луѓе и предизвикаа голема материјална штета.