Српскиот претседател, Александар Вучиќ, рече дека Србија ја покажала својата подготвеност да постигне компромис за Косово, но дека му се чини оти сите во регионот, како и луѓето во Србија, Европа и во целиот свет, ја погребаа секоја шанса за каков било договор.
Вучиќ за Блиц изјави дека Србија покажала добра волја.
„Важно е дека Србија покажа дека е подготвена на разговор, дека е подготвена за постигнување компромис, но нема да прифатиме да не добиеме ништо. Ми се чини дека
сите во регионот, како и луѓето во Србија, Европа и во целиот свет, ја погребаа секоја шанса за каков било договор”, рече Вучиќ.