Актерот Бредли Велш (42) почина минатата ноќ во престрелка во Единбург. Актерот познат по улогата на Мистер Дојл во „Треинспотинг 2“ беше боксерски шампион во Велика Британија во лесна категорија, а Дани Даер го угости во неговото шоу за најопасните луѓе.
Фановите се простуваат од него на социјалните мрежи, како и пријателите. Еден од нив е Ирвин Велш, кој го напиша „Треинспотинг“.
„Збогум мој прекрасен пријателе. Ти благодарам што ме направи подобар човек и ми помогна да го видам светот на поблаг и помудар начин“, напиша Велш. Многу други ја изнафалија неговата добротворна работа и улога во аматерскиот боксерски свет во Шкотска.
Велш беше прострелан на улица каде што го најде брза помош. Полицијата ги бара напаѓачите, пишува „Дејли мејл“.