Краток спој, најверојатно, го предизвикал пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз, тврди неименувано официјално лице на француската судска полиција.
Меѓутоа, тој напоменува дека од безбедносни причини лицата што ја водат истрагата сè уште не добиле зелено светло за работа во катедралата.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, најави претходно петгодишен план за обнова на Нотр Дам. Експертите го оценија планот како премногу амбициозен бидејќи проценуваат дека обновата би можела да трае и до 15 години.