Велигденски ритуал: Свештеник натерал деца да го тепаат, плукаат и да го сечат со нож
Локалната црква во местото Паскала во американската држава Охајо се извини поради невообичаената велигденска лекција , што на децата им ја пренел пасторот Џадеус Демпси.
Пасторот Демпси од локалната недоминациска црква Impact City ги собрал децата од основите и средните училишта од местото и извел страшен велигденски ритуал.
За децата подобро да ги разберат маките Исусови , тој ги натерал да го тепаат , плукаат , навредуваат , па дури ид а го сечат со нож. Ова бизарно црковно учење било снимено , а снимката на социјалните мрежи ги вознемири родителите на децата.
https://www.youtube.com/watch?v=qN1v1wi28gU
На снимката се гледа како еден од учениците го сече пасторот со нож на грбот. Родителите на ова дете веднаш отишле во црквата , кога го виделе видеото и велат дека нивниот син бил многу вознемирен и потресен.
Главниот пастор на црквата , Џастин Рос се извини преку социјалните медиуми и рече дека ваквата лекција била сосема непотребна и несоодветна за деца.