Јувентус го донесе Кристијано Роналдо за да може конечно да ја освои Лигата на шампиони. Не успеа.
Иако доминира во Серија А и имаше сигурна игра во ЛШ, „Старата дама“ неочекувано беше запрена од Ајак во четвртфиналето.
Роналдо беше на свое ниво, постигна шест гола во девет натпревари во ЛШ, но тоа не беше доволно за влез во полуфиналето.
Со оглед на тоа дека проектот не успеа и Роналдо не успеа да ја скрши клетвата на Јуве, италијанските медиуми веќе шпекулираат дека италијанскиот првак и Португалецот ќе се разделат.
„Јувентус ќе го гради тимот околу Роналдо, ни само за наредната сезона. Договорот му трае до 2022 година, но Португалецот ќе му даде на торинскиот клуб шанса само уште една година, а потоа заминува. Над Масимилијано Алегри се надвиснува сенката на Антонио Конте, а Крстијано ќе го гледаме во Јувентус само уште следната сезона и тоа е тоа“, уверено предвидува познат медиум.
Јувентус лани летото го донесе Роналдо од Реал Мадрид за 100 милиони евра, а португалецот прв пат беше елиминиран во четвртфиналето на ЛШ по 11 успешни преминувања во полуфиналето.
„Кристијано е тажен. Сакаше да влезе во финале. Ми рече: ‘Мамо, се трудев, но не правам чуда. Жал ми е’“, рече мајката на Роналдо.
Португалецот пет пати беше првак на Европа, а Јувентус чека титула од 1995 година.
„Ова е разочарување што не може да помине без последици и пораз што амбициозниот спортист не може да го преболи“, додава познат медиум.
Во полуфиналето на ЛШ ќеиграат Тотенхем-Ајакс (30 април) и Барселона-Ливерпул (1 мај).