Јувентус има намера да го продаде Дибала за 100 милиони евра

 Фудбалерот од нападот на Јувентус, Пауло Дибала може да го напушти клубот во летниот трансфер прозорец. Според  италијанскитот шампион има намера да го продаде 25-годишниот Аргентинец за 100 милиони евра.

 

Јувентус сака да се ослободи од Дибала за да го финансира купувањето на други играчи, вклучувајќи го и членот на Ливерпул, Мохамед Салах или напаѓачот на Интер, Мауро Икарди.

Договорот на Дибала со торинскиот клуб трае до 30 јуни 2022 година.

Оваа сезона Дибала одигра 39 натпревари за Јувентус, постигна 10 гола и забележа четири асистенции.

Треба да знаете
Последни објави