Шест месеци по породувањето Кејт Хадсон се пофали со својот изглед

Актерката Кејт Хадсон се породи пред шест месеци и по трет пат стана мајка. Холивудската ѕвезда, по породувањето, се обиде да ја поврати својата фигура и успеа во тоа.

Кејт го покажа своето затегнато тело и објасни низ што сè помина во текот на тие шест месеци.

„Океј, мои пријатели, сакав да го споделам ова. На неколку килограми сум од саканата тежина. Го направив тоа без нервоза околу храната и не тренирав многу, но бев дисциплинирана … Сè уште не сум готова“ напиша, меѓу другото, Хадсон и додаде дека овој процес е тежок, бидејќи храната сè уште е нејзина страст.

Треба да знаете
Последни објави