Стотици активисти за борба против климатските промени го блокираат пристапот до француското Министерство за екологија, енергија и одржлив развој и седиштето на „Сосиете женерал“, „Тотал“ и „ЕДФ“ во Париз.
Над 14 активистички групи повикаа на блокирање на „Републиката загадувачи“. Тие ја осудија пасивноста на претседателот Макрон и неговиот „токсичен сојузи со големите загадувачи“.
Ова е една од најголемите мобилизации на граѓанска непослушност некогаш организирани во Франција.
Од почетокот на оваа недела илјадници демонстранти ги блокираа патиштата, мостовите и седиштата на различни копании во Англија. Слична акција беше организирана и во Лондон, кога активисти се залепија за воз во знак на протест.