Полицијата во хравтскиот град Карловац денеска соопшти дека запленила 170,6 килограми марихуана и уапсила еден хрватски и еден српски државјанин, кои дрогата ја пренесувале со камион.
Освен марихуаната, во камионот биле пронајдени и два пиштола со муниција.
Началникот на криминалистичката полиција на Полициската управа во Карловац, Романо Бенковиќ изјави дека и хрватскиот и српскиот државјанин, од претходно и биле познати на полицијата.
Тој прецизира дека 44-годишниот возач и 47-годишниот совозач биле уапсени на излезот од автопатот Ријека-Карловац и додаде дека во текот на денот, покрај кривичната пријава, двајцата приведен ќе бидат изведени на сослушување пред обвинителството.
Бенковиќ објасни дека нелегалната стока била спакувана во градежен стиропор во отворен простор за складирање во товарното возило и дека полицијата извршила претрес откако се посомневала дека станува збор за криминал.
Полицијата соопшти дека ова е најголемата заплена на дрога во таа област годинава.