Поранешен чувар во нацистички концентрационен логор бил обвинет од германските обвинители за соучешништво во 5.230 убиства, пренесува „Ди велт“.
Обвинителството во Хамбург во четвртокот соопшти дека 92-годишниот осомничен, идентификуван во судските документи како Бруно Деј, е обвинет за помагање во злонамерното и сурово убивање на претежно еврејските затвореници преку својата работа како чувар на концентрацискиот логор „Штутхов“ во периодот од август 1944 до април 1945 година.
Обвинителите тврдат дека Деј, кој во тоа време имал 17-18 години, бил мало тркало во машинеријата за убивање во која илјадници луѓе беа застрелани, отруени или изгладнети до смрт кон крајот на Втората светска војна.
И покрај неговата старост, Деј ќе биде суден во Малолетничкиот суд во Хамбург бидејќи имал 17 години кога првпат се вработил во кампот „Штутхоф“, во близина на тогашниот Данциг, сега Гдањск во Полска.
„Ди велт“ пишува дека Деј им рекол на иследниците оти бил свесен за гасните комори во логорот и дека телата биле носени во крематориумите. Тој тврди тоа дека никогаш не бил нацист и дека завршил во главниот баталјон на смртта (SS-Totenkopfsturmbahn), кој го водел кампот, поради срцева болест.
Според извештајот, Деј потврдил дека имал стражарски должности во караулите и знаел за гасните комори во логорот каде што гледал дека се носат затворениците. Тој признал дека видел изгладенти лица и луѓе кои страдале, но инсистира дека тој не е виновен.
Германија брза да ги осуди сите преживеани вработени во концентрациските логори откако правната основа за гонење на поранешните нацисти се промени во 2011 година со историската осуда на поранешниот логорски стражар Џон Демјанјук.
Како што објави „Брејтбарт“, тој не беше осуден за злосторствата што ги извршил туку врз основа на тоафактот дека служел како забец во машинеријата за убиства на нацистите во кампот „Собибор“ во окупирана Полска.
Германските судови подоцна ги осудија и Оскар Гронинг, сметководител во Аушвиц, и Рајнхолд Хенинг, поранешен чувар на СС во истиот камп, за масовни убиства. Сепак, и двајцата мажи, кои беа на 94-годишна возраст, починаа пред да бидат затворени.