Рускиот претседателски портпарол Дмитриј Песков верува дека американските даночни обврзници имаат солидни причини да почнат да поставуваат прашања зошто буџетските пари се трошат на истрагата на специјалниот советник Роберт Милер, пренесува ТАСС.
„За жал, документите од овој вид предизвикуваат директно влијание врз развојот на руско-американските односи. Во слична ситуација нашата ревизорска комора сигурно ќе проверше на што се трошат парите на даночните обврзници. Како и да е, американските даночни обврзници треба да поставуваат такви прашања“, рече Песков.
Тој изјави дека, исто како и порано, Москва ги отфрла обвиненијата за интервенција на американските претседателски избори бидејќи воопшто немало такво мешање.
„Најновата верзија на извештајот на Милер не содржи ништо ново. Сите тие информации порано беа објавени од различни извори и средства за јавно информирање. Извештајот не содржи докази дека Русија се вмешала во изборниот процес во САД. Како и досега, не прифаќаме такви обвиненија”, рече Песков.
Американското Министерство за правда во четвртокот ја објави конечната верзија на извештајот на специјалниот советник Роберт Милер за резултатите од неговата истрага за наводното мешање на Москва во претседателските избори на САД во 2016 година. Милер тврди дека Русија се обидела да влијае на претседателската кампања во 2016 година. Во исто време тој призна дека истрагата не идентификува траги од дослух меѓу претседателот Доналд Трамп и Москва.