Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Арлем Дезир, денес остро го осуди убиството на новинарката Лајра Меки во Северна Ирска и изрази надеж дека одговорните за тоа ќе бидат брзо изведени пред лицето на правдата.
„Многу сум тажен поради смртта на Лајра Меки во Северна Ирска во Лондондери. Таа ја вршеше својата работа, покривајќи ги немирите во тој град. Најостро го осудувам ова бесмислено и сурово убиство на новинарка”, рече Дезир.
Тој ја поздрави истрагата што ја почнаа властите и изрази надеж дека одговорните лица ќе бидат брзо идентификувани и изведени пред лицето на правдата, според соопштението на ОБСЕ.
Новинарката Лајра Меки (29) беше убиена во престрелка во северноирскиот град Лондодери во северниот дел на Лондон, а властите го третираат нејзиното убиство како терористички инцидент.