Разбојник упаднал во куќа на семејство во Калифорнија, зграбил кујнски нож и почнал да ја брка мајката низ соседството, пред да ја стигне и брутално да ја избоде. Жената веднаш била префрлена во болница каде што лекарите успеале да ѝ го спасат животот.
На снимката може да се види Марилон Палос (42), мајка на две деца, како минува низ улицата со цел да го оддалечи натрапникот од нејзините ќерки Евелин (15) и Елизабет (13).
Видеото е направено од сигурносните камери поставени на нивната куќа, а очајната мајка се слуша како вика: „Помогнете ми. Тој се обидува да ме убие“.
Џејмс Карлос Мелендерез (25) осомничен е дека ја гонел мајката по улицата пред да ја ситигне и брутално да ја избоде.
Нејзините ќерки го опишале инцидентот како од хорор-филм. Во куќата имало скршени стакла и локва крв, а девојчињата биле сигурни дека нивната мајка е мртва.
Палос веднаш била пренесена во болница, од каде што треба да излезе следните денови. Докторите велат дека имала премногу среќа што е жива.
Напаѓачот потоа се обидел насилно да влезе во уште неколку куќи, но подоцна бил уапсен.