Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска беше во работна посета на Македонска Каменица. Царовска се сретна со градоначалничката на Македонска Каменица Соња Стаменкова, со рударите, а ги посети и Центарот за социјални работи, градинката и Дневниот центар за лица со попрченост.
Царовска на средбата со рударите рече дека со законските измени кои стартуваа на почетокот на годината се решени долгогодишните барања на рударите за намалување на старосната граница за пензионирање.
„Како што ветивме, МТСП направи законски измени со кои се дава можност рударите да одат во старосна пензија и со навршување на 40 години стаж за мажи, односно 35 години стаж за жени”, рече министерката Царовска, во Македонска Каменица.
Со прделог измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување се овозможува на осигурениците кои работат на работни места на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење да им се намалува возраста за пензионирање пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж.
При посетата на Дневниот Цантар за лица со попреченост, којшто беше отворен лани во септември министерката истакна дека со законот за социјална заштита којшто е во собраниска процедура се унапредуваат правата на лицата со попречености и се воведуват нови услуги кои треба да им го олеснат индивидуалниот живот.
„Дневните центри како овој во Македонска Каменица но и во другите градови значат многу за зголемување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост. Во центарот има програми за индивидуална работа за секое лице, а се работи и во група и со родителите на корисниците“, рече Царовска.