Силјановска: Груевски треба да е Индијана Џонс да ги помине сите тие граници
Кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова во вечерашната дебата на ТВ 21 рече дека со поранешниот премиер Никола Груевски се има видено еднаш во животот.
-Со Груевски се имам видено еднаш во животот и тоа не во пријатна атмосфера. Како претставник на Професорскиот пленум му упатив жестоки критики за тогашното законско решение. А, вие му дозвволивте да избега. Треба да е Индијана Џонс да ги помине сите тие граници, рече Силјановска.