Вака изгледа место од каде сите побегнаа: Пусто е повеќе од 30 години, а старите објекти кријат една многу мрачна тајна
Околу девет милји од градот Нагасаки се наоѓа напуштен остров наречен Хашима, кој од 1887 година до 1974 година, функционирало како погон за јаглен.
Кога резрвите на јаглен се потрошиле, а нафтата почнала да го зазема своето место, рудниците се затворени, а островот останал пуст во наредните 30 години. Сепак, овој осторв има мрачна историја.
За време на Втората Светска Војна , Јапонците тука ги искористувале корејските цивили и кинеските воени затвореници како присилни работници. Се проценува дека до крајот на војната таму умреле 1.000 работници, поради лошата безбедност на работа, неисхранетост и исцрпеност.
Ова место под заштита на УНЕСКО станало во 2015 година, но неговото наследство и понатаму е енигма.
Се знае дека Јапонија е во обид да стане запандна колонијална сила, брзо крена во индустрискиот разовј уште од почетокот од средината на 1.800 и островот Хашим е искористен за тој потфат. Откако Мицибуши го купи островот во 1890 година, фирмата ги развила „морските ѕидови“ и почнала со вадење на јаглен од морето.
Тука е изградена и првата јапонска армиранобетонска зграда за рудари, а во неа живееле рекордни 5.259 станари.
Откако Јапонија ја колонирзирала Кореја и ја нападна Кина, користејќи регрутирана работна сила. Работниците тврделе дека условите биле напорни и нехумани, времето било влажно, а храната е лоша. Работниците често биле тепани а за 20 години биле убиени 123 Корејци и 15 Кинези.
Јужна Кореја се противела за кандитатурата за признавање на УНЕСКО но во 2015 година јапонскиот амбасадор при УНЕСКО Кун Сато, признал дека „големиот број на Корејци и другите народи биле присилени да работат под тешки услови на некои места.
Во 1974 години рудниците се засекогаш затворени. За само три месеци, островот почнувал да се запустува.