Тракторист тешко повреден во сообраќајката кај Ново Село

Тројца се повредени во судир на трктор и три автомобили, вчера кај Ново Село, инфомираше МВР.

-На 19.04.2019 година во 20.10 часот на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано Леска, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ 539“ со струмички регистарски ознаки, што го управувал Ј.З.(40) од Ново Село, автомобил „форд фокус“ управуван од М.К.(55) од село Секирник, автомобил „мерцедес“ управуван од В.Т.(50) од Струмица, како и патничко возило „фолксваген шаран“  што го управувал И.И.Р.(50) од Петрич, Република Бугарија, велат од МВР.

Тешко повреден е возачот на тракторот, кој по укажаната лекарска помош со амбулантно возило бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Лесно повредени се возачот на „фордот“ и сопатникот, С.В.(55) од Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Треба да знаете
Последни објави