Непознати напаѓачи убиле 13 лица за време на упад на семејна прослава во Веракрус, во источниот дел на Мексико, соопштија мексичките власти.
Меѓу жртвите е и едно малолетно лице, а три лица се повредени во нападот.
Вооружените напаѓачи упаднале на прославата во потрага по лице со име „Ел Беки“.