Руското Министерство за одбрана ќе го разгледува планот за изградба на две нови нуклеарни подморници од класата „Бореј”, изјави неименуван извори за ТАСС.
-Министерството размислува за изградба на уште две подморници „Бореј”, кои ќе бидат опремени со крстосувачки ракети со долг дострел наместо со балистички ракети. Доколку се донесе одлука, подморниците ќе бидат изградени во рамките на новиот проект Бореј-К и ќе бидат во функција по 2027 година, рече изворот запознаен со ситуацијата.
Нуклеарните подморници од класата „Бореј” треба да ги заменат подморниците класа „Делта III”, „Делта IV” и „Тајфун” во руската морнарица.