Иако деталите за породувањето на Меган Маркл засега остануваат тајна, во Обединетото Кралство владее голема возбуда околу раѓањето на новото кралско бебе. Меган наскоро треба да се породи со своето прво дете, и таа и принцот Хари одлучија јавноста за раѓањето на бебето да биде информирана подоцна и да не го покажат бебето веднаш по раѓањето, како што направија принцезите Дијана и Кејт Мидлтон.
Кралското бебе веќе доби прекар, и тоа според местото каде што било, наводно, зачнато. Британскиот весник „Дејли мирор” пишува дека персоналот на хотелот Кливенланд хаус, каде што Меган и Хари често престојувале, особено во текот на минатото лето и есен, се шегува дека бебето е зачнато во нивниот хотел и му дадоа прекар Клајв.
Кливенланд хаус е луксузен имот изграден од војводата од Бакингам во 17 век. Меган Маркл била таму ноќта пред свадбата со Хари.