Педесет и двегодишниот Јапонец, Мицихуро Ивамото стана првиот човек во историјата кој со едрилица успеа да го преплови Тихиот Океан – од САД до Јапонија.
Ивамото со својата едрилица, долга 12 метри, исплови од Сан Диего во американската сојузна држава Калифорнија и по два месеци пристигна во јапонскиот град Фукушима, минувајќи 14.000 километри.
На ова патување достојно за Гинисовата книга на рекорди, Ивамото бил придружуван од неговиот пријател, Американецот Даг Смит.
Ова не е прв обид на Ивамото да го премине Пацификот. Тој во 2013 година исплови од САД кон Јапонија, но во близина на јапонскиот брег кит удри во неговата едрилица, нанесувајќи и сериозни оштетувања, поради што не успеа да ја доврши својата мисија.
Инаку, интересно е тоа што Ивамото на 16-годишна возраст го губи видот. Откако ја надминал депресијата поради слепилото, Ивамото почнал да се занимава со морепловство и трчање.
Тој се надева дека со ова свое постигнување ќе успее да собере средства за помош на слепите лица и ќе покаже дека „се е можно кога луѓето ќе се здружат”.