Проруските сепаратисти од Донбас ја обвинуваат Украина за кршење на примирјето

Проруските сепаратисти од регионот Донбас денеска ги обвинија украинските безбедносни сили дека во последниве 24 часа извршиле 12 напади врз териториите под нивна контрола во источна Украина.

Претставник на сепаратистите соопшти дека украинските сили гранатирале 12 населени места во реонот на Доњецк и пет во околината на Луганск.

Според него, украинските војници нападите ги извршиле со минофрлачи со калибар од 152 милиметри и со „лесно оружје со голем калибар”.

Обвинувањата на сепаратистите дека властите во Киев го крши договорениот прекин на огнот, доаѓаат еден ден пред утрешниот втор круг од претседателскиот избори во Украина, на кои актуелниот претседател Петро Порошенко се бори за освојување втор мандат.

Сепак, анкетите на јавното мислење му даваат поголема предност на противкандидатот на Порошенко, Володимир Зеленски, предвидувајќи дека тој ќе освои речиси двојно повеќе гласови од актуелниот претседател.

Треба да знаете
Последни објави