Пилотот и патник на мал приватен авион вчера загинаа кога леталото се урна во јужниот дел на Бугарија.
– Авионот „Зодијак” со две седишта, беше на промотивна тура, а за време на летот едното крило се оддвоило, при што авионот се урна во близина на стадионот во село Оризаре, каде имаше натпревар, изјави шефот на полицијата во Пловдив, Атанас Илков.
Тоа е вторпат од почетокот на април да се урне бугарски авион. На 2 април при пад на авион од типот „Цесна” кај Солунска Глава загинаа четворица бугарски државјани.