Во католичката црква Свети Павле во Минхен завладеала паника, бидејќи влегол непознат маж и почнал да вика. Како што пренесува „Индекс.хр“, во моментот во црквата имало Хрвати кои успеале да го совладаат.
Според изјави на очевидците, станува збор за Африканец кој влегол помеѓу верниците и почнал да вика „Такбир“ (Алах акбар).
Собраните почнале да бегаат бидејќи помислиле дека станува збор за терористички напад. Веднаш била повикана полицијата која пристигнала во голем број и го привела мажот.
Локалните медиуми пишуваат дека се работи со маж со психичко пореметување.
„Почна да гестикулира и да извикува неразбирливи зборови, тоа ги исплаши посетителите на црквата“, соопшти полицијата.
Мажот бил уапсен, а полицијата истакнала дека не претставувал опасност за луѓето во црквата.