Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ги негираше шпекулациите за иднината на Диего Кошта.
Тренерот на „јорганџиите” е категоричен дека тој има намера да се потпира на Кошта и следната сезона.
– Секој играч има можност да си замине. Ништо не треба да се земе здраво за готово. Сакаме да се натпреваруваме со најдобрите и оние за кои мислиме дека може да го направат тимот добар, ќе останат. Планирам да се потпрам на Диего Кошта за следната сезона. Тој влегува во моите планови. Случајот со Кошта е решен и тој тренира со тимот. Тоа беше внатрешен проблем што беше решен, изјави тренерот на Атлетико Мадрид.
Според Симеоне, тој не сомнева дека следната сезона Шпанецот ќе биде голем дел од „црвено-белиот” тим.
– Оваа сезона беше тешка за него. Верувам дека ќе биде дополнително мотивиран и гладен за успех следната сезона, изјави Диего Симеоне.