Уапсени се седум лица, осомничени за бомбашките напади на неколку локации во земјата. Зад нападите би можела да стои локална радикална муслиманска организација, пренесуваат западните медиуми.
Голем број светски медиуми пренесоа, повикувајќи се на информациите на „АФП“, дека властите пред десет дена добиле информации кои навестувале можност за извршување на терористички напад.
Во серијата напади што се случија во неколку цркви и хотели на денот кога католиците го празнуваат Велигден, загинаа над 200 лица, а 500 се повредени. Само во една црква загинаа над 50 лица, изјавија полициските службеници. Владата во Шри Ланка воведе полициска час и најави дека следните два дена ќе бидат неработни. Полицијата јави дека во нападите животот го загубиле и 35 странски државјани.