Американската амбасада во Ирак денеска објави дека добиле наредба од Стејт департментот дека сите вработени кои не се неопходни треба веднаш да ја напуштат земјата поради ескалација на тензиите со Иран.
Предупредувањето, објавено на веб-страницата на амбасадата, дојде откако Вашингтон минатата недела објави дека открил нови закани од Иран, чии сили во регионот ги напаѓаат Американците и американските интереси, објави АП.
Во неделата амбасадата ги советуваше граѓаните на САД да избегнуваат посета на Ирак.