Левица: Во Кумановско оставени без леб – локалната и централната власт абер немаат

Лица со посебни потреби, стари и изнемоштени, пензионери и работници кои својот работен век го посветиле на земјоделието и производство на храна, од кумановското село Шупли Камен, веќе трета недела оставени без леб.

Во селото нема прехранбена продавница па така единствениот начин на кој им е доставуван основниот прехранбен продукт, биле пекарите кои го носеле лебот 3 пати во неделата со комбе. По мерката на Владата за замрзнување на цената на лебот на приватните пекари не им се исплаќало да го доставуваат лебот, па така одлучиле да престанат со испорака, по што жителите се оставени без леб.

Ваквиот третман на овие луѓе, како од централната, така и од локалната власт, е суров, под секое човечко достоинство и за најстрога осуда.

Бараме централната власт итно да најде решение за луѓето кои ги остави без леб и итна мерка уште денес од страна на Градоначалникот за решавање на проблемот.

Можноста со овој проблем да се среќаваат и луѓето од останатите села е голема, затоа ги охрабруваме граѓаните доколку се соочуваат со ваков проблем веднаш да пријават до Левица.

Од наша страна ќе бидат алармира и институциите веднаш! Во случај проблемот да не биде решен итно активистите од огранокот ќе отпочнат со доставување на леб, додека да се најде решение за проблемот.

Треба да знаете
Последни објави