Белграѓанецот Мане К.(37) е единствениот кој успеал да исплива на брегот откако синоќа се превртел чамецот на Дунав поради, како што се претпоставува, силно невреме и бранови. Со Мане на бродот биле тројца негови пријатели Милош Марковиќ (37), Ненад Тривковиќ (35) и Милан Николиќ (36).
Како што дознава „Блиц“, Мане К. по преглед во медицинска установа е отпуштен дома, додека од синоќа интензивна е потрагата по останатите.
Несреќата се случила околу 22.30 часот во близина на Панчевскиот мост, а неофицијалнодругарите биле во чамец од типот „Три принцези“, кои се сметаат за тесни и плитки пловила.
Ренато Грбиќ,познат како херој кој со децении спасувал давеници од Дунав под познатиот мост вели дека споменатиот чамец е многу нестабилен.
-Се надеваме на најдоброто. Вчера дуваше силна Кошава, беше многу ветровито, ретко кој може да го помине Дунав со тој брод бидејќи е тесен и плиток, а бидејќи беа четворица, тоа е дополнителна отежителна околност, рече Грбиќ.
Според него, Мане бил единствениот што „се обидел“ да доплива до брегот, додека останатите тројца се фатиле за чамецот по превртувањето.
„Блиц“ дознава дека ниту еден од нив немал појас за спасување, а еден од нив е непливач.
Неофицијално, се претпоставува дека четорицата биле под дејство на алкохол.