Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми се раздели со повеќекратниот хрватски првак Динамо Загреб, за кого пред дуелот на „модрите“ со Риека на „Максимир“ му беше приредена спектакуларна разделба пред да се пресели во Кина.
На „Максимир“ навивачите се собраа во пристоен број за да го поздрават капитенот на Динамо кој 13 години ги бранеше клупските бои. Во негова чест со специјална кореографија Адеми беше претставен како Супермен. Навивачката гупа „Бед Блу Бојс“ го скандираше името на Адеми кој остави голема трага во клубот од „Максимир“.
Адеми од Динамо заминува по 373 настапи како втор играч со најмногу настапи за хрватскиот великан, а исто и како најтрофеен играч, со вкупно 20 титули – 11 во ХНЛ-лигата, шест во Купот на Хрватска и три во Суперкупот.
Аријан Адеми го носеше дресот на Динамо Загреб од 2010 година, а негов единствен друг клуб во кариерата му беше Шибеник каде како тинејџер ги направи првите чекори во професионалниот фудбал. Негов нов клуб за докажување ќе биде Пекинг Гуан во Кина.