Лидерот во италијанската фудбалска Серија А, Наполи забележа нова победа на гостувањето кај Торино (0:4) и направи уште еден чекор поблиску до освојувањето на „скудетото“. Наполи немаше проблеми портив Торино. Не дозволи во ниту еден момент домаќинот да се понадева дека може да приреди изненадување. Отпорот на Торино беше скршен по само девет минути игра со голот на најдобриот стрелец во Серија А, Виктор Осимен. Во 35-тата минута, Кварцхелија од пенал зголеми на 0:2.
Не се промени сликата ниту во вториот дел, па веднаш на стартот Осимен го постигна својот втор гол на натпреварот и 23-ти во сезоната за 0:3. Конечните 0:4 ги постави Ндомбеле.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во новиот триумф на Наполи одигра околу половина час откако од клупата за резерви доби прилика да заигра во 65-тата минута на место на Ирвинг Лозано.