Американските беспилотни летала над Црното Море не беа ангажирани за обезбедување на бродови, но ја докажуваат вмешаноста на Вашингтон во конфликтот против Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Сосема е очигледно што прават овие дронови. Нивната мисија воопшто не е мирна, да обезбедат пловидба во меѓународни води. Добро ни е познато тоа. А, всушност, зборуваме за директно вклучување на тој што ги контролира овие беспилотни летала во конфликтот против нас“, рече Песков, пренесува ТАСС.
Дрон на американските воздухопловни сили се урна на 14 март во меѓународните води на Црното Море.
САД и Русија издадоа различни изјави за тоа што се случи на небото над Црното Море.
Американската војска тврди дека рускиот авион при пресретнувањето го погодил пропелерот на дронот, по што дронот се урнал.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека дронот летал во правец на руската граница со исклучени транспондери и влегол во зоната за забранети летови што Москва ја воспоставила во областа во близина на Крим за време на борбите во Украина.
Министерството за одбрана на Русија тврди дека рускиот авион немал контакт со дронот, дека не користел оружје и дека дронот се урнал поради „острото маневрирање“ на американскиот оператор кој управувал со него,пренесе Блиц.рс.