Возачот на Ред Бул, Серхио Перез победи на втората трка сезонава во најбрзиот циркус – Формула 1, која се возеше во Саудиска Арабија. Мексиканецот на патеката во Џеда стигна до петтиот триумф во кариерата, а зад него заврши двократниот светски шампион и тимски колега Макс Ферстапен кој освои дополнителен најбрз круг. Верстапен тргна од 15. место и покажа зошто е шампион пробивајќи се до второто место зад тимскиот колега.
Фернандо Алонсо со Астон Мартин го прослави 100-тиот подиум во кариерата, но по трката стигна веста за казна поради техничка грешка, па падна на четвртата позиција. Третото место му припадна на Џорџ Расел.
Бодови освоија уште Естебан Окон, Пјер Гасли, и Кевин Магнусен. Во генералниот пласман после две трки води Ферстапен со 44 бода, на второто место е Перез со бод помалку.
Наредната трка се вози на 2-ри април за Големата награда на Австралија.