Татко го принудил својот 11-годишен син да игра видео игри 17 часа без престан и без сон, откако го фатил дека игра на телефонот во креветот во 1 часот по полноќ.
Уморното момче од Кина раскажа дека татко му го присилил на тоа за да го казни оти го начекал додека играл среде ноќ во својот кревет.
Наместо да му го одземе телефонот, таткото го станал од креветот и го принудил детето да игра 17 часа, пишува „Дејли мејл“.
Снимката го прикажува момчето облечено во пижами додека изнемоштено игра на столот и се буди секојпат кога паѓа во сон.
Детето напиша: „Татко ми ме фати и ме казни да играм додека да повратам. Ме будеше неколкупати. Тоа траеше од 1 до 18 часот. Играв 17 часа“.
Таткото ја прекинал казната во моментот кога неговиот син се расплакал и се согласил на нов договор со кој се ограничува неговото време за игра.
Неговиот татко ја снимил лекцијата и ја споделил на социјалните мрежи тврдејќи дека тоа го правел само како последно средство и ги советувал другите родители да не го прават тоа.