Папата Франциск денеска во својот „папамобил” повози осум деца мигранти кои неодамна стигнале во Италија од Либија.
Франциск децата, кои дошле од Сирија, Нигерија и Конго, ги зема на почетокот од неговата неделна аудиенција и ги повози околу Плоштадот Свети Петар на задното седиште. Децата се радуваа и мафтаа, пред да се разделат од папата со прегратки и селфија.
Ватикан соопшти дека некои од децата пристигнале во Италија на мигранатски брод пред неколку месеци, додека други стигнале на 29 април со своите семејства преку хуманитарен коридор.
Франциск има несогласувања со тврдокорната Влада на Италија околу потребата мигрантите да се прифатат и да се интегрираат.
Папата од патувањето во Грција во 2016 година се врати со десетина Сиријци во својот авион.