Челси со 2-1 славеше на гостувањето кај Салцбург, а Севиља со убедливи 3-0 го победи Копенхаген во првите два денешни меча од Лигата на шампионите.
Челси на коло пред крајот го завери пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите откако на Салцбург му го нанесе првиот пораз во елитното натпреварување оваа сезона.
Сините поведоа со гол на Ковачиќ во 23. минута, а во првиот дел имаа уште неколку одлични шанси кои не ги реализираа.
По четири минути игра во вториот дел Салцбург со гол на Адаму го изедначи резултатот на 1-1 и во тој период беше подобар тим.
Но, Челси се врати. Тимот на Грем Потер со прекрасен гол на Хаверц во 64. минута дојде до водство од 2-1 што беше и конечен резултат.
Севиља со убедливи 3-0 го совлада Копенхаген, сите три погодоци беа постигнати во второто полувреме.
Ен Несири погоди во 61. минута за 1-0, во 88. минута Иско зголеми на 2-0, а во втората минута од судиското продолжение Монтеил даде гол и го постави конечниот резултат.