Постизборно се доградува дивата платформа на Матка во првиот залив по браната, додека од Општина Сарај сè уште се чека одговор на барањето за нејзина легализација, информира А1он. Поставена е дрвена ограда на платформата, а покрај малиот објект се поставени маси и клупи.
Минатиот месец градоначалникот Блерим Беџети рече дека не постапиле по барањата за легализација на платформите на Матка оти не стигнале на ред за разгледување. Барањата чекаат ред од март година кога министерот за транспорт и врски побара од Општина Сарај да ги урне дивите платформи, а градоначалникот се оправда дека законски не може да го направи тоа оти сопствениците поднеле барања за легализација за кои се веќе почнати процедурите.
Фото: „А1он“