Фејсбук статус на Фатмир Битиќи
„За верниците на исламската вероисповед започнуваат деновите на светиот месец Рамазан. Рамазан е месец на пост, на воздржување од храна, но многу повеќе е месец кога муслиманите се посветуваат целосно да се воздржат од лоши дела, омраза и нетрпеливост, па дури од лоши мисли.
Рамазан е и усовршување на човечките квалитети, нагласување на моралните принципи и вредности и солидарност со другите луѓе.
Симболиката на Рамазан е одрекување, простување, солидарност.
Со надеж, храброст и поддршка еден од друг, во светиот месец Рамазан да ги споделуваме вредностите и поткрепени со нив да создаваме хумано општество и да си консолидираме државата.
Посакувам овој голем празник да донесе добро здравје и среќа на сите нас, како и мир и благосостојба.
Рамазан Шериф Мубарек Олсун!