Индонезискиот тим за борба против тероризмот уапси најмалку 10 лица осомничени за планирање на напади пред објавувањето на за резултатите од оспорените претседателски избори во април, кое треба да се случи следната недела, објави полицијата.
Апсењата доаѓаат во време кога тензиите во земјата се на високо ниво, поради што Индонезија ја засили безбедноста пред објавата на резултатите на 22-ри мај од страна на Генералната изборна комисија (КПУ).
Објавата се очекува да ги потврди неофицијалните пребројувања кои покажуваат дека актуелниот претседател Џоко Видодо е резибран.
Речиси 32.000 полицајци и воени лица, како и трупи од други провинции, се распоредени во главниот град Џакарта за да го заштитат настанот, рече портпаролот на националната полиција.
„Преку испрашувањата откривме дека осомничените планирале да нападнат масовни собири на 21, 22 или 23 мај“, рече тој. „Нивната цел е да создадат хаос и да нападнат што е можно повеќе жртви, вклучувајќи ја и полицијата“.
Осомничените припаѓале на најголемата терористичка организација во земјата поврзана со исламската држава, а властите се во потрага по повеќе членови, додаде портпаролот.
Прабово Субиано, поранешен генерал, кој беше главен протвник на Видодо одби да ја признае победата на претседателот, а неговиот тим тврди дека за време на изборите имало „масовно мамење и неправилности“.
„Ги освоивме гласовите на народот“, изјави поранешниот генерал. „Ако се откажеме, тоа значи дека ние се предаваме пред неправедноста, а тоа значи дека ја предаваме нашата сопствена земја и нашиот народ“.
Над 80% од гласовите се веќе пребројани и Видодо води во трката со освоени 56 отсто од нив, рече изборната комисија.